Луксузен хотел на Малдивите нуди бесплатно летување, со една симпатична работна задача

Точка

07/06/2019

20:13

5.108

Големина на фонт

а а а

“Coco Palm Dhuni Kolhu” на Малдивите бара личност која ќе се грижи за желките, а сите трошоци на ваквата летна авантура ги плаќа токму луксузниот ресорт.

Со тоа, работата опфаќа уживање во сонцето покрај тиркизниот океан, на недопрените плажи, со платени трошоци за сместување и храна, додека ги надгледувате желките, пренесува “Unilad”. 

Целата ситуација делува нереално – речиси како да сте директно од овој свет однесени во рајот, со таа разлика што од рајот не би можеле да се фалите на социјалните мрежи со ваквото феноменално опкружување.

“Coco Palm Dhuni Kolhu” сака да ангажира личност која би работела две недели во август, и иако самата работа не е платена, одбраниот кандидат всушност би добил бесплатен одмор на прекрасните Малдиви.

Планирано е волонтерот да работи со еден од водечките британски ветеринарни специјалисти по хирургија, д-р Клер Петрос, а неговата одговорност опфаќа грижа за исхраната на желките, чистење на просторот, присуство во случај на хируршки интервенции или други медицински постапки, присуство на мисиите за спасување на желките и нивно враќање во океанот.

Додека е надвор од работната задача, на стажистот му е овозможено да искуси некои од авантурите кои ги нуди ова одморалиште, како крстарење на зајдисонце и нуркање покрај коралниот гребен Ба. 

Дали би се впуштиле во ваква авантура?



Спонзорирани линкови

Маркетинг