Американец платил 600 евра за лигњи, а сега се огласил и сопственикот на ресторанот: Цените се точни, но…

Точка

31/05/2019

21:42

21.304

Големина на фонт

а а а

Американскиот војник Франциско Тахеда, попознат и како Сиско Рос, имал многу негативно искуство во еден ресторан на Миконос.

За потсетување, тој со пријателите нарачал 6 порции лигњи, 3 салати, 6 пива, две шишиња вода и прилог за лигњите, но сите останале шокирани од цената – сметката изнесувала 836 евра. 


Неговата приказна го обиколи светот, а сега се огласил и сопственикот на ресторанот, Димитрис Каламарас. Тој вели дека му е жал поради начинот на кој нивниот гостин се изразил, но и дека цените се точни.

“Иако сметаме дека цените го одразуваат нивото на нашите напори, грижа и квалитет на храната која ја сервираме на една од најпосакуваните плажи на светот, можеме да го разбереме незадоволниот гостин. Сепак, зборовите дека сме “светска замка” не се во ред. Не само затоа што цените се истакнати на таблата покрај влезот за сите да можат да ги видат, туку и менијата и каталозите им се понудени на сите гости пред тие да нарачаат”, вели Каламарас.

“Меѓутоа, некои не го гледаат менито туку веднаш нарачуваат. Не ги спречуваме во тоа. Колку е веродостојна личноста која вели дека побарала цена на храната и пијалоците и ѝ била ускратена таа информација, но сепак нарачала?”, се запрашал сопственикот.

Димитрис истакнал дека ги ценат своите гости до таа мера што осмислиле посебни менија кои се нешто поповолни за оние кои не можат да си овозможат луксузен оброк.

“Дали сме сите криминалци, крадци, лоши луѓе? Сите сте поканети да дојдете и да ја пробате нашата кујна, да уживате во единствениот поглед кој го одзема здивот, да ги почувствувате вибрациите и да уживате во нашата храна и пијалаци, секогаш послужени со насмевка. Но, ве молам, прво проверете ги цените! Не допуштајте луѓето да ве залажат со фотографии од сметки кои се само мал дел од приказната”, заклучил сопственикот на скапиот ресторан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг