Дунавка Трифуновска: Добредојдовте во земјата на насмевките

Точка

31/05/2019

11:08

5.408

Големина на фонт

а а а

На 12 часа патување со авион ќе се најдете во една егзотична земја каде ќе ве пречекаат со насмевка и љубезност. Иако летниот период не е препорачлив, сепак зависи од вас колку ќе можете да се адаптирате. А ќе имате милион причини да го сторите тоа, па дури ќе немате време да размислувате за климата.

А, сега ве испраќаме на патување во Тајланд со Дунавка Трифуновска, која ќе ви овозможи да ѕирнете работи кои доколку одите сами можеби и нема да ви бидат дозволени, бидејќи таа била таму во својство на мисица. 

1. Што е она според тебе што го прави Тајланд најпривлечна дестинација последниве години, особено мислам на Европејците како туристи? 

Азија и Европа се два различни континенти со различна смисла на постоењето. Мислам дека не сакам да си признаам дека европскиот начин на живот се повеќе го напуштаме после реализацијата во едукативна и материјална смисла, не само како територија. Тие долги зими, промената на климатските услови како и временската зона значат многу за еден квалитетен живот, а сето тоа спакувано во фамозна природа која ќе ве остави без здив. 


[Посета на еко-ресорт во кои се применуваат древните техники на миење и масажа на стапалата, а се користат органски креми и масла и сапуни кои ги произведуваат со векови]

2. Што треба да се научи од локалците, каков менталитет преовладува? 

Сепак моќта на Азија не е “вулгарно” гласна на ниту еден континент, тие секогаш ќе ве привлечат со бескрајна почит, слатката љубезност, тивката мудрост и насмевката која е секогаш нацртана на нивните лица и ќе ве дочекаат со зборовите добредојдовте во земјата на насмевките-Тајланд. Не постои превозно средство кои тие не го користат. Едноставно непостои. Не постои нешто што тие не можат. 


[Посета на специјалните органски работилници за изработка на шешири од бамбус и шеќерна трска]

3. Во кој период од годината е најдобро да се посети?  

Годишното време е клучно за посета ако не сте способни да се адаптирате на условите. Тропската клима е незгодна кога во Европа е лето, па ако сте паметни секогаш ќе се појавите во Тајланд кога Европа е под мраз. Дождовите се секојдневие особено во европска есен но се е покриено и заштитено, нивото на безбедност е секогаш на највисоко ниво. 


[Посета на еден од најубавите острови во Заливот на Тајланд заштитен од УНЕСКО]  

4. Факти кои нема да ни ги кажат во туристичка агенција, а треба да ги имаме на ум доколку се решиме да го посетиме Тајланд? 

Самото патување е предизвик бидејќи трае повеќе од 12 часа, треба да одберете сигурен авиопревозник и апсолутно не препорачувам тоа да го правите на своја рака. 


[На плажата каде е сниман филмот The Beach во 2000 со Леонардо Ди Каприо попозната како Maya Bay]

5. Што препорачуваш да се посети? 

Пред да го посетите Кралството на Тајланд треба да знаете дека Бангкок, главниот град кој уште се нарекува Градот на ангелите бидејќи не спие. Бангкок е метропола и е една од 10-те најпосетувани дестинации во светот. Тој е религиски, филмскикултурен а од пред некоја година и центар на светската убавина.

Секако прво ќе го посетите Гранд Палас, кралската резиденција во која и денес се одржуваат кралските свечености. Потоа домот на Буда. Религијата е почеток и крај. Статуата на Буда е изработена целата од злато како и неговиот храм кој се нарекува Пагода.

Секако крстарењето по Chao Phraya со крузерот, дава посебно обележје на метрополата, особено во ноќните часови. Резиденцијата на Кралот Рама2 , во која се одбележува дефилето на националните носии. Сите религиски храмови, резиденции на кралското семејство и на најпочитуваниот крал Рама, денес е музеј кој во зависност од пригодата се користат.


[Мојата цимерка Мис Франција по посетата на еден од ресортите со специфичен вид на тропски растенија и освежување со кокосови плодови]

6. Кои се искуствата со кои се врати побогата од пред да отидеш?

Тајланд е чудесен. Островите како Koh Samui, Phuket, Koh Lanta и се останато што може да го има во себе Индискиот океан, совршениот подводен свет, плажите со бел песок, совршената температура на водата, забавите на полна месечина, совршените view- point што ги освојуваат блогерите, дивиот,но питом животински свет како слоновите, мајмуните, кучињата и мачињата, совршените слатки пијалоци, целата органска храна и ресорите со совршен поглед на океан каде е се обвиено во еко и нема никаква пластика го направија од чудесен-вечен, а филмската индустрија онаа најмоќната го врами во филмовите The Beach во 2000, Around the world in 80 days,The Big Boss The Man with he Golden Gun,The Ugly American, и многу други. Слободата што ја имаат луѓето во Тајланд, а е дадена од самиот крал, целиот свет го остава без здив, Балканците особенo.


[Мојот омилен ресорт Spa Koh Chang каде имавме модна ревија на плажа и фалафел забава]

7. Каков е односот кон туристите? 

Тајланѓаните секогаш ќе ве пречекаат топло со насмевка, љубезност и почит.


[Официјалното претставување пред членовите на кралското смеејство на Тајланд]

8. Каде престојуваше, на кој остров?

Ги посетивме трите острови Koh Samui, Phuket и Koh Lanta.


[Селфито како highlight на плажите со бел песок кои се затворени за туристите и се заштитени како посебни еко-системи, со официјалните убавици на Тајланд, Романија, Гана, Гватемала, Мјанмар]

9. Се запозна ли одблиску со подводниот свет?

Да, и можам да кажам дека имаат совршен подводен свет.


[Посета на делфиниумот во близината на Pataya]



Спонзорирани линкови

Маркетинг