Ова се чекаше! Трка во која ќе уживаат југоносталгичарите – Југо, Фиќо, Пегличка, Буба, 101 и Рено 4!

Точка

27/05/2019

15:33

7.706

Големина на фонт

а а а

Словенечки тим на новинари и јутјубери ги собра најпопуларните модели од поранешна Југославија на едно место и со една цел – да ги одмерат силите на тркачката патека, односно авионска писта.

Мораме да признаеме дека Словенците дошле до генијална идеја, а ова е трка во која дефинитивно најмногу ќе уживаат југоносталгичарите. Кој е фаворит? Тешко е да се каже, но најлогично е да се обложиме на Југо 55 или Застава 101, со оглед на тоа што двата автомобили располагаат со „неверојатни“ 55 коњски сили.

Фолксваген Буба располага со 34 коњски сили, а тука е Застава 750, односно популарното Фиќо со скромни 25, Фиат 126 или популарната „Пегличка“ со 26, како и Рено 4 со 34 коњски сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг