Федерер со фуриозна победа се врати на Ролан Гарос

Дерби

26/05/2019

17:44

1.929

Големина на фонт

а а а

Поранешниот светски рекет број еден, Роџер Федерер со очекувана победа го започна својот настап на вториот грен слем во оваа сезона Ролан Гарос.

Ова за Швајцарецот беше прв настап во Париз по 2015 година, а во истиот го доби 73. тенисер на АТП листата, Лоренцо Сенего. За да дојде до ова славје на Федерер му беа потребни еден час и 41 минута на теренот „Филип Шатрие“ за конечни на крајот 6-2, 6-4, 6-4.

Во наредната рунда популарниот Федекс го чека дуел со 25-годишниот Германец, Оскар Оте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг