Сончево и топло, попладне можни врнежи

Макфакс

26/05/2019

11:29

882

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните делови од земјата ќе има локални врнежи од дожд.

Температурата претпладне ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната од 18 до 29 степени. Во Скопје слично време со температури до 28 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг