Емилија Кларк признала дека за говорот во GoT ја инспирирал Хитлер

Точка

25/05/2019

20:14

4.465

Големина на фонт

а а а

Во последната сезона на „Игра на тронови“, Денерис, која ја толкува Емилија Кларк, имала задача да одржи говор во кој своите следбеници ги повикува во нови походи и тоа на непостоечки валијарски јазик кој се користи во серијата.

Бидејќи морала да звучи како вистински, силен водич, актерката за „Variety“ признала дека инспирацијата ја пронашла во Адолф Хитлер.

„Можеби сега ќе ви изгледа смешно, но подготвувајќи се за говорот, гледав многу снимки на диктатори и силни водичи - на разни јазици, за да видам дали ќе можам да разберам што зборуваат ти, без да го познавам јазикот. И можам! Можам во целост да разберам што зборува Хитлер“, раскажала Емили и додала: „Си помислив, ако можам да верувам на секој збор кој ќе го изговорам, гледачите воопшто нема да гледаат многу во преводот.“

Кога се подготвувала за снимање и го вежбала својот говор, Кларк тоа го правела обраќајќи им се на апаратите за домаќинство, како што се фрижидерите, печките, како и на прозорците од хотелската соба во Белфаст, каде што е снимена серијата. „Прозорецот беше затворен, бидејќи не сакав луѓето да помислат дека сум луда“, признала актерката.

За тоа дека подготовките се исплателе, докажала кога уште од првиот обид успеала да ја одработи задачата. „Дојдов на сетот и без проба од прв обид совршено го одржав целиот говор“, се пофалила на крајот.


Ниту нејзините обожаватели не го сокриле воодушевувањето од нејзината изведба. „Емилија Кларк е благослов за светот. Не ја заслужуваме! Нејзиниот говор беше многу сличен на она што го доживувавме од Хитлер“, напишал еден фан на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг