Потерница по опасен маж на велосипед: Француската полиција го бара овој човек за напад во Лион

Точка

25/05/2019

18:00

3.254

Големина на фонт

а а а

Француската полиција трага по лице кое се смета за одговорно за експлозијата во центарот на Лион, во која биле повредени 13 лица.

Полицијата апелирала на сведоците да се јават и објавила фотографија од мажот на велосипед, настаната на основа на снимките од надзорните камери. 

Осомничениот, кој носел светол шорц и маица со долги ракави, е опишан како опасен.

Постои сомнение дека оставил вреќа или пакет кој експлодирал.

Најмалку 13 лица биле повредени кога вчера во центарот на Лион експлодирала пакет бомба, соопштиле претходно официјални избори.

Регионалните власти наведуваат дека 13 лица се воглавно полесно повредени, а дека 11 од нив се и натаму во болница.

Како што пренесува "Mond", истрагата ја преземала антитерористичката единица од Париз.




Спонзорирани линкови

Маркетинг