Пресврт во ситуацијата со Сане: Баерн Минхен останува со кратки ракави?

Дерби

25/05/2019

15:09

2.456

Големина на фонт

а а а

Еминентниот „Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Манчестер Сити не планираат да го пуштат својот играч, Лерој Сане да замине во тимот на Баерн Минхен.

Ули Хенес пред неколку денови потврди дека преговараат за ангажман на Лерој Сане, меѓутоа англискиот медиум сега пренесува други информации.

Имено, Манчестер Сити планира да закаже преговори со претставниците на Сане во следните денови надевајќи се дека ќе го убедат да потпише нов договор со клубот.

Во моментов германскиот репрезентативец има уште две години од актуелниот договор со Манчестер Сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг