Валверде: Не сум загрижен за мојата работа, фокусиран сум на само една работа

Дерби

25/05/2019

15:09

1.690

Големина на фонт

а а а

Екипата на Барселона вечерва игра со Валенсија во финалето на Купот на Шпанија, натпревар кој може да биде клучен за иднината на тренерот Ернесто Валверде.

Валверде ја има поддршката на раководството на клубот, играчите, но неуспех на вечерашниот дуел во Севилја може да ги смени работите со оглед на тоа што веќе има огромни критики на негова адреса од страна на навивачите по елиминацијата од Ливерпул во Лигата на шампионите.

Сепак Валверде е смирен и не размислува за својата иднина, односно неговиот главен фокус е триумф и двојна круна во Шпанија.

-Не размислувам за мојата иднина, само за победа против Валенсија. Секој ден е битка. Ако ги погледнете тренерите од Примера, ние сме дел од шоу. Сите имаме подеми и падови, погледнете што се случи со Марселино кој имаше момент или Реал кој менува тренери. Не знам ништо за тоа што Меси ме брани. Сите сме свесни за тоа, кога има елиминација мора да понесете одговорност, играчите , тренерите, сите. Ние сме повредени, ама мора да одиме напред и да се соочиме со последиците. Не чувствувам дополнителен притисок. Секогаш велев дека клубот ја почитува мојата работа и тоа секогаш било така. Немам никакви поплаки од претседателот или бордот на директори, -порача Валверде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг