Ким Кардашијан Вест и нејзиниот сопруг, Каније Вест, прославија 5 години од бракот. Сопружниците во четвртокот навечер во еден италијански ресторан во Санта Моника ја одбележале 5-годишнината од нивната љубов.
Сите очи на јавноста биле вперени во Ким и нејзиниот никогаш потесен струк. Таа за оваа прилика избрала мал црн фустан, во кој ги истакнала своите облини, а особено го нагласила струкот.
Изгледа дека 38-годишната мајка сакала на сите да им го долови својот изглед после четирите деца.
Инаку, пред една недела Ким на својот Инстаграм пофил објави заедничка свадбена фотографија со својот сопруг од пред пет години, под која напиша: „Пет години и четири деца, животот не може да биде подобар“.
Покрај годишнината од бракот, славниот пар го прослави и раѓањето на четвртото дете од сурогат мајка, синот Псалм Вест.