Дел Боске обелодени неверојатна приказна за Анелка: Не доаѓаше на тренинзи, затоа што…

Дерби

25/05/2019

14:12

1.169

Големина на фонт

а а а

Легендарниот шпански стратег, Висенте Дел Боске во ексклузивно интервју за Јутјуб каналот „Идолос“ говореше за неговото минато во Реал Мадрид.

Стратегот притоа обелодени една неверојатна приказна поврзана со Николас Анелка кој во 1999 година пристигна во Реал Мадрид од Арсенал за сума од тогаш 22.3 милиони фунти. Сепак, Французинот се задржа само една година на „Бернабеу“ и се врати во ПСЖ, клубот од кој потекнуваше.

– Анелка беше играч кој не чинеше многу пари. Реал Мадрид потроши пет милиони евра на него, а тој беше донесен како голема ѕвезда. Еднаш дојде во соблекувалната и кажа дека ние не сме биле среќни за неговиот успех и дека не ги прославуваме неговите голови. Потоа не се појави на тренинг два дена, а клубот го казни, -истакна Дел Боске.

Инаку, Николас Анелка во кариерата промени дури 12 клубови, а кариерата ја заврши во 2015 година играјќи за индискиот Мумбаи Сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг