Трамп пристигна во Јапонија. Му подготвиле посета за уживање: Од партии голф до Трамп куп, само да се откаже од царина на јапонските автомобили!

Точка

25/05/2019

14:10

1.122

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска пристигнал во официјална посета на Јапонија, за време на кој ќе разговара со царот Нарухито.

После краткиот дочек на аеродромот, Трамп се упатил кон американската амбасада, каде ќе се состане со деловни луѓе.

Посетата на Трамп е дел од дипломатската офанзива на јапонскиот премиер, Шинзо Абе, за која аналитичарите велат дека засега ја спасила Јапонија од протекционистичките мерки на Трамп.


Како што наведува АР, на Трамп му е подготвена “шарм офанзива“, која ќе го погоди неговото его. Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, ќе оди со Трамп на голф, а потоа и на меч со сумо борење, каде Трамп на победникот ќе му додели „Трамп куп“, изработен во САД, наведува АР.

„Во сите држави во светот, јас сум почестен гостин на најголемиот настан кој го имале во последните 200 години“, изјавил Трамп.


Претседателот на САД, сепак не се откажал од можноста за воведување на потенцијално катастрофални царини на увоз на јапонски автомобили и автоделови под изговор на национална безбедност. Веќе се воведени царини на јапонски алуминиум и челик.

Неколку часа пред доаѓањето на Трамп, Токио го погодил земјотрес со јачина од 5,1, но не е издадено предупредување за цунами.




Спонзорирани линкови

Маркетинг