Џесика Алба ја отворила вратата од својот дом: Кога ќе ја видите вилата во која живее, нема да можете да им поверувате на своите очи

Точка

24/05/2019

19:39

8.386

Големина на фонт

а а а

Актерката Џесика Алба за првпат ја отворила вратата на својот дом во Лос Анџелес во кој живее со сопругот Кеш Ворен и нивните три деца, 10-годишната Хонор Мери, 7-годишната Хејвен и едногодишниот Хејс.

Куќата во која живеат е купена пред седум месеци, но Џесика вели дека било потребно многу труд да се уреди онака како што изгледа сега. 

“Сакавме место на кое можеме да гледаме како растат и си играат нашите деца”, изјавила актерката, притоа мислејќи на огромниот двор кој ја опкружува куќата. Токму големиот двор бил на нивната листа на приоритети кога се “фрлиле” во потрага по нов дом.

Веќе по 20 минути разгледување на куќата, Алба знаела дека сакала да ја купи, а инспирацијата за уредување ја добила од Пинтерест.

На Џесика омилени ѝ се дневната соба во која семејството сака да појадува, потоа кујната бидејќи обожува готвење и терасата инспирирана од ретро стил. Во куќата доминираат мермер и рециклирано дрво.



Спонзорирани линкови

Маркетинг