Харви Вајнштајн: 44 милиони долари за жртвите на сексуално злоставување во Холивуд

Точка

24/05/2019

18:50

5.335

Големина на фонт

а а а

Осрамотениот филмски продуцент Харви Вајнштајн и челниците на неговото некогашно студио постигнаа начелен договор со жените кои го обвинуваат за сексуално вознемирување, пренесуваат американските медиуми.

Адвокатите објасниле дека спогодбата вредна 44 милиони долари би требало да биде надомест за жртвите кои го тужеле. Вајнштајн негира дека сексуално вознемирувал повеќе од 75 жени. 

Тој сепак ќе се најде пред њујоршкиот суд во јуни бидејќи две жени покренаа кривична постапка против него, обвинувајќи го за силување. Адам Харис, адвокатот на студиото изјавил дека е постигнат “начелен финансиски договор”, наведува новинската агенција “AP”.


“Лично сум многу оптимистичен”, додал тој.

Соработниците на Харви подоцна за “Wall Street Journal” изјавиле дека вредноста на договорот ќе биде отприлика 44 милиони долари.

Бројни актерки, меѓу кои најгласни беа Ешли Џад, Паз де ла Хуерта и Лупита Нјонго го обвинија Вајнштајн за сексуално злоставување. Обвиненијата против него доведоа до создавање на движењето #MeToo кое ги обедини жените жртви на сексуално насилство од Холивуд, но и од целиот свет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг