Видео: Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Макфакс

24/05/2019

12:14

2.391

Големина на фонт

а а а

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот изгоре стан на најгорниот 17-ти кат, а лицето кое живеело во него е пренесено во болница.

Според информациите од терен, станарот е пренесен на Токсикологија поради вдишување чад.

Полицијата засега нема информација која е причината за пожарот. Повеќе детали се очекуваат подоцна, во текот на денот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг