Накит вреден 3.5 милиони евра го заборавила во авион: Полицијата “се кренала на нозе“

Точка

24/05/2019

13:30

6.056

Големина на фонт

а а а

Жената која го носела накитот вреден 3.5 милиони евра кои златарските куќи го позајмиле за настапот на Рита Ора на Филмскиот фестивал во Кан, ја заборавила торбата во авионот, објавиле медиумите.

Накитот бил вратен во Лондон откаде е и испратен и каде што е најден, изјавил полициски извор за „Франс Прес“.

Кога на 16-ти мај излегла од авионот во Ница, жената задолжена за преносот на накитот за пејачката Рита Ора сфатила дека ја заборавила рачната чанта и мантилот во авионот, изјавил некој од изворите кој бил запознат со тој случај.


„Само некој кој што е со главата во облаци може да заборави повеќе милиони во авион“, се пошегувал некој од полициските службеници.

Според зборовите на тој полициски службеник, торбата била вратена од лондонскиот аеродром Лутон откаде авио компанијата ја препратила на друг лондонски авион, Хитроу каде што сопствениците на накитот ги презеле своите скапоцености.




Спонзорирани линкови

Маркетинг