Овие три грешки ве прават да бидете лоши во кревет

Супермен

24/05/2019

11:00

5.301

Големина на фонт

а а а

Мажите често мислат дека се најголеми љубовници, но всушност не се свесни какви грешки прават во кревет. Сексот е нешто што треба да биде спонтано и без правила, но сепак често се случува во изливот на емоции и неверојатната желба да ја задоволат поубавата половина да направат грешки кои можат да ги чинат “една преубава вечер“.

Затоа одлучивме да ви ги откриеме трите најголеми грешки кои ги прават мажите во кревет и кои се главните причини заради кои жените се незадоволни од сексот.


Ги имитираат филмовите за возрасни

Мажите често се обидуваат да го имитираат тоа што ќе го видат во филмовите за возрасни, мислејќи дека жените сакаат такви работи. Меѓутоа, голем број од жените воопшто не сакаат грубост и вулгарност која што се прикажува во филмовите за возрасни. Исто така мажите кои се појавуваат во таквите филмови имаат сериозна кондиција, па доколку не сте спортски тип тогаш никако не се обидувајте да го правите тоа затоа што само ќе почнете да дишете забрзано и ќе се избламирате.

Ја оставаат жената сама да ја заврши целата “работа“

Сексот е активност во која двете страни треба да учествуваат подеднакво. Да ја препуштите работата на жената е една од најлошите работи која што може да ја направи мажот во текот на сексуалниот однос. Важно е мажот да биде внимателен кон својата партнерка која исто така ќе возврати во иста мера.


Се обидуваат да употребуваат прекомплицирани пози

Ништо лошо нема во тоа што малку сакате да ја промените ситуацијата во креветот и да ја “зачините“ акцијата, но доколку избирате пози кои никогаш претхдно не сте ги практикувале, најверојатно ќе се збуните могу, а вашата партнерка ќе се чувствува чудно. Ќе посакате што побрзо да побегнете од креветот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk