Иран се подготвува за бомбардирање: Ќе даваме отпор додека ни ги убивате децата и нема никогаш да се откажеме

Точка

24/05/2019

11:30

4.344

Големина на фонт

а а а

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран нема да попушти под притисокот на САД и дека нема да се откаже од своите цели, дури и ако државата биде бомбардирана.

Рохани го порача тоа за време на неговото обраќање на церемонијата одржана во знак на сеќавање на иранско-ирачката војна во 80-тите години од минатиот век.

„Мораме да пружиме отпор и нашите непријатели треба да знаат дека и кога ќе ја бомбардираат нашата земја, и кога ќе ги убиваат нашите деца, ќе ги рануваат и апсат, ние нема да се откажеме од нашите цели, од независноста на нашата земја и нашата гордост“, изјави ирачкиот претседател Хасан Рохани.

Тензиите помеѓу Иран и САД секојдневно се зголемуваат, а врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи ги критикуваше претседателот Хасан Рохани и шефот на иранската дипломатија, Мохамед Џавад Зариф дека не го спровеле договорот за нуклеарната програма како што тој сакал.

Како што пренесува „АП“, ова е прв пат Хамнеи јавно да ги критикува државните функционери додека траат тензиите во односите помеѓу Вашингтон и Техеран.

Инаку, Хамнеи го има последниот збор во носењето на одлуките, а неговите изјави укажуваат и на внатрешниот притисок со кој Рохани и Зариф се соочуваат додека очигледно во земјата владее страв од судир со САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг