Неочекувана изјава на Трамп за Huawei: Ако постигнеме договор со Кина...

Точка

24/05/2019

11:58

5.903

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека технолошкиот гигант Huawei, би можел да биде вклучен во трговските преговори помеѓу Вашингтон и Пекинг.

„Huawei е нешто многу опасно кога гледате што прават тие во врска со безбедноста, од воена гледна точка. Многу опасно. Но, можно е Huawei да се вклучи во трговските преговори. Ако постигнеме договор, сметам дека Huawei на овој или оној начин може да се вклучи“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Пред неколку дена, американските власти забранија соработка на американските компании со Huawei, без притоа да биде издадена посебна дозвола од властите во Вашингтон.


Сето ова резултираше со објавата од Google дека ќе биде прекината соработката со Huawei, односно дека кинеската компанија ќе остане без услугите на американскиот технолошки гигант, сите популарни апликации на Huawei и оперативниот систем „Андроид“.

Инаку, трговските преговори помеѓу Кина и САД засега не донесоа резултати и двете страни меѓусебно воведоа нови царини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг