Харадинај: Тачи го плаши мојата популарност

Макфакс

23/05/2019

20:25

1.608

Големина на фонт

а а а

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел на 6 јуни во Берлин.

Тој во емисијата „Пресинг“ на Т7, изјави дека состанокот во Берлин, одржан во април со лидерите на Западен Балкан и канцеларката Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, бил историски за Косово и дека никој не може ништо негативно да каже за тој состанок, мислејќи при тоа на оценката на косовскиот претседател, кој рекол дека Европа покажала дека е слаба и необединета.

Харадинај потврди и дека неговите односи со претседателот на Косово, се нарушени, бидејќи, како што вели, Хашим Тачи го напаѓал зашто се плашел од неговата популарност, но дека тука немало ништо лично, пренесе „Газета Експрес“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг