Ова се дел од дестинациите на кои е снимана GoT и сите до една одземаат здив

Точка

23/05/2019

17:37

4.990

Големина на фонт

а а а

Серијата „Игра на тронови“ е преполна со фантазии, но дестинациите на кои се снимени сцените се вистински и во живо одземаат здив.

Ви претставуваме неколку дестинации на кои се снимала една од најгледаните серии во последните неколку години.

Северна Ирска

Повеќето внатрешни сцени се снимени во гратското студио Титаник во Белфаст, но актерите излегувале и надвор од центарот на градот.

Па така сцените во првиот серијал во Зиморвел се снимени во дворецот „Ward Gardens“, кој е блиску до градот. Паркот околу дворецот исто така послужил за снимање на сцената во Вестерос.

Шкотска

И во Шкотска се снимени сцени од GoT, а оние најверните фанови на оваа серија ќе го препознаат дворецот уште од пилот епизодата кога кралот Роберт Баратеон стигнува во Зимоврел.

Исто така во тој дел на Шкотска постои и прекрасното село Доун во кое исто така е снимана GoT.

Малта

Локациите ширум Малта се користени како позадина во Вестерос во првата сезона. Мдина, некогашната престолнина на Малта, обезбедила простор за снимање на сцените на Kings lending. Капијата на Мдина, влегувањето во дрвениот град, е искористена за снимање на сцени во втората епизода од првиот серијал.

Хрватска

Во вториот серијал, продуцентите се опростиле од Малта и Kings lending го префрлиле во Хрватска, поточно во Дубровник. Националниот парк Крка е искористен за снимање на епизоди во петтата сезона. Во оваа сезона неколку сцени биле снимени во Стариот град во Сплит.

Не смееме да го заборавиме ниту далматинското крајбрежје. Ако патиштата ве водат натака, посетете го и Задар кој исто така послужил за снимање на GoT.

Мароко

Ветровиот, груб и егзотичен град Есавира, кој се наоѓа на крајбрежјето, „играл“ како Астапор во третата серија кога Денерис ги ослободила робовите.

Некои од сцените од Kings lending се снимени и на Медина. Ако одите во Мароко, треба да знаете дека Есаоуира е популарно сурферско место и место за одмор и уживање.

Шпанија

Петтата сезона е снимена во Шпанија. Историскиот дворец Алказар во Севиља е претворен во Дорнска палата, каде што се наоѓа седиштето на куќата на Мартел.

Една од највпечатливите сцени од истата серија е снимена на кратка оддалеченост од андалузискиот град Осуна. Речиси 600 статисти, како и актерите и екипата од серијата се спакувани во локална арена за борба, Плаза де Торос за драматична сцена на борба.

А додека сте во Севиља, пробајте фламенко и локални шери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг