Целите на Солскјер: Познат е планот на Јунајтед за летниот преоден рок

Дерби

23/05/2019

19:45

2.399

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунјатед сигурно нема по добро да ја памети натпреварувачката 2018-2019 во која повторно не успеа да се наметни и биде конкурентен за титулите.

Поради ова пред „црвените ѓаволи“ е сериозен, значаен предизвик квалитетно да се одработи летниот преоден рок, поточно Оле Гунар Солскјер да добие екипа по негов вкус, играчи кои ќе можат да ја пренесат неговата визија на теренот и да се дојде до позитивни резултати.

Според „Мирор“, предводникот на Јунајтед веќе ги има идентификувано играчите кои не му се потребни, сака да се ослободи од нив во следниов период. Освен Антонио Валенсија и Андер Ерера за кого е познато дека си заминуваат, иста судбина ќе ги снајде Матео Дармијан, Маркос Рохо, Хуан Мата и Ромелу Лукаку.

Овие играчи не му се потребни на Солскјер кој пак сака да доведе четири-пет нови имиња, а на списокот на посакувани имиња се Николас Пепе од Лил, Даниел Џејмс од Свонси, Арон Ван Бисака од Кристал Палас, Калиду Кулибали од Наполи, Хари Мегваер од Лестер, Адриен Рабиот кој е слободен агент и Деклан Рајс од Вест Хем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг