Во Фејсбук започнаа да тестираат роботи...

Точка

23/05/2019

18:16

1.803

Големина на фонт

а а а

Фејсбук веројатно не е првата компанија која би ја поврзале со роботиката, но најголемата социјална мрежа на светот од неодамна им се придружи на големите технолошки гиганти кои веќе развиваат роботи.

Истражувањата се опсежни, а од Фејсбук досега објавија повеќе детали за три студии на кои работат во компанијата. Првата ги вклучува начините како робот со шест нозе може сам да научи да се движи, користејќи ја методата на обид и грешка.

Втората се занимава со користење на „љубопитност“, со цел на роботите да им биде овозможено побрзо учење, додека третата работи на развој на чувство на допир со што на роботите би требало да им биде овозможено да извршуваат едноставни задачи, како на пример тркалање на топка.


Ниту едно од овие три истражувања на кои се фокусирани во Фејсбук не е само по себе револуционерно, но целта на лабораторијата за истражување на вештачката интелигенција “FAIR” на Фејсбук е да го предвиди идниот развој и компанијата да биде подготвена за производите и услугите кои допрва ќе пристигнат на пазарот.

Во најголемата социјална мрежа на светот веќе на одреден начин имаа искуство со тоа што од развојот на опипливите физички системи би можеле да имаат неочекувана корист.


На пример, на проектот за развој на камерата за домашен видео чет “Porta”, од Фејсбук веќе соработуваа со истакнати лица од филмската индустрија за смислувањето на движењето на камерата која треба да направи идеален кадар на корисниците при секоја снимка.

Иако таа камера беше критикувана поради нарушувањето на приватноста на корисниците, немаше многу замерки за начинот на кој што функционираше. Слично сценарио би можело да се повтори и со вештачката интелигенција, пренесува The Verge.



Спонзорирани линкови

Маркетинг