Неверојатно: Еве колку троши Bugatti Veyron при полна брзина

Точка

23/05/2019

17:30

5.095

Големина на фонт

а а а

Возејќи со најголема брзина од 407 км/ч, култниот француско-германски суперавтомобил резервоар со капацитет од 100 литри ќе го потроши за само 19 минути.

Иако веќе култниот суперавтомобил на Bugatti го доби својот наследник во моделот Chiron, со оглед на тоа што станува збор за неверојатно возило, и натаму во светските медиуми кружат разни информации за Veyron EB 16.4.

Последната интересна информација во врска со овој автомобил е поврзана со неговата потрошувачка, а иако е познато дека при големи брзини, потрошувачката на гориво „скока до небо“ поради отпорот на ветрот, но никој не го очекуваше ова во врска со Veyron.


Откриено е дека доколку Veyron непрекинато вози со брзина од 407 километри на час (иако тешко дека би се пронашла соодветна патека за изведување на такво нешто), би потрошил резервоар со гориво од 100 литри за само 19 минути.

Тоа во превод доаѓа 128,9 поминати километри, односно потрошени неверојатни 77,6 литри на 100 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг