Постојат и такви работи: Што може да биде полошо во љубовната врска од изневерување?

Точка

23/05/2019

16:40

3.173

Големина на фонт

а а а

За поголемиот дел од луѓето изневерувањето е точка од која нема враќање во една нормална љубовна врска. После изневерувањето имате чувство дека повеќе никогаш нема да можете да му верувате на вашиот партнер.

Сепак многу од љубовните парови сметаат дека има и полоши чувства од оние кои ги доживувате кога ќе бидете изневерени. Според пишувањето на американските медиуми кои се занимавале со анализа на одговорите од своите читатели, на прашањето „Што може повеќе да боли од изневерување на партнерот?“ може да се дојде до заклучок дека во некои ситуации изневерувањето не е нешто најлошо што може да ни се случи во врската.


Некои одговори кои често се повторувале биле:

- „Откажување од нашата врска? Подобро да ме изневери отколку да ми каже „Повеќе не те сакам“.“ ;
- „Разговарање за нашите проблеми со некој друг, наместо да поразговара со мене за тоа страшно би ме повредило.“; 
- „Било каква зависна болест е многу полошо отколку да откријам дека партнерот ме изневерува.“; 
- „Сознанието дека споделил некоја моја тајна со луѓето од нашето опкружување без мое одобрување.“; 
- „Лажење. Дури и доколку се опие и има секс со друга жена, се случува. Не би сакала да се случи тоa, но се случува. Доколку ми каже веднаш за тоа ќе најдеме начин да го решиме. Мислам дека луѓето многу ја потценуваат важноста на бруталната искреност во врските!“; 
- „Доколку децата ги сврти против мене. Не би знаела како да се справам со тоа.“; 
- „Доколку зад грб зборува со моите родители за мене.“; 
- „Постојано лажење. Едно се бенигните лаги, но доколку после неколку години дознаам за сите лаги кои се собрале во текот на времето, тоа ќе ме докрајчи повеќе отколку да има некоја афера.“; 
- „Доколку ми каже дека не му се допаѓам како личност.“ 





Спонзорирани линкови

Маркетинг