Бегалец се согласил да се предаде ако неговата потерница на Фејсбук добие доволно лајкови

Точка

23/05/2019

16:06

690

Големина на фонт

а а а

Бегалецот Хосе Симс постигнал договор со американската полиција да им се предаде на властите доколку доволен број на корисници на Фејсбук ја лајкнат неговата потерница.

За 29-годишниот Симс, за кој се верува дека се крие некаде во Њујорк, се објавени седум налози за апсење бидејќи не се појавил пред судот според обвиненијата кои се движат од нарушување на јавниот ред и мир до ризик од нанесување на повреди на дете. 

Полицијата објавила на Фејсбук дека Хосе Симс ги контактирал и се согласил да се предаде доколку неговата фотографија од потерницата добие 15 илјади лајкови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг