НАТО: Русија да ги повлече трупите - Москва одговара: Нема да им го пружиме тоа задоволство

Макфакс

23/05/2019

20:18

5.784

Големина на фонт

а а а

Повикот на НАТО да ги повлече руските трупи од Крим е неадекватен, изјавил рускиот сенатор на Крим, Сергеј Цеков.

"Кримјаните живеат во мир и спокојство, а НАТО би сакал да ја дестабилизира ситуацијата на Крим. На НАТО не му се допаѓа начинот на кој Крим се развива, а ние нема да им го пружиме тоа задоволство", рекол Цеков за Sputnik. 

Според неговите зборови, Крим повторно се обединил со Русија легално и праведно, а барањата на претставниците не Алијансата не се адекватни.

Првиот заменик на претседателот на кримскиот парламент, Јефим Фикс, смета дека повикот на НАТО Русија да ги повлече трупите од Крим потсетува на стара расипана плоча.

"Време е да престанат да ги користат старите расипани плочи и да ја променат реториката во односот кон Русија. Крим е руски и на тоа е ставена точка. Ставовите на НАТО по ова прашање не не интересираат. Нека се грижат за своите работи, а Крим знае сам како да работи", истакнал Фикс за "Sputnik".

Од своја страна, шефот на работната група за меѓународно-правни прашања во постојаното претставништво на Република Крим, Александар Молохов, изјавил дека не треба да се обраќа внимание на зборовите на претставниците на НАТО.

"Не кажа ништо ново. Редовни ритуални фрази кои го одржуваат цврстиот и неконструктивен став на НАТО", објаснил Молохов.

Претходно началникот на воениот комитет на НАТО, Стјуарт Пич, изјавил дека оваа организација не ја признава припадноста на Крим кон Русија и ја повикува Москва да ги повлече трупите од полуостровот.

Крим станал дел од Русија во март 2014-та година, по референдумот одржан по државниот удар во Киев. За обединување со Русија гласале 96,77 проценти од гласачите. Според зборовите на претседателот на Русија, Владимир Путин, прашањето за Крим е конечно затворено.

Украина и натаму го смета Крим за своја, привремено окупирана територија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг