Ако оваа купола попушти, ќе исчезне половина Пацифик: Замислена е како привремено складиште за опасни материјали, а локалната власт нема пари да го спречи нејзиното пропаѓање

Точка

23/05/2019

19:38

5.929

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјавил дека во куполата на американското складиште за радиоактивен отпад во Пацификот се појавиле пукнатини. Забележано е и дека владата на Маршаловите острови нема средства за спречување на течење на отпадот во океанот.

Радиоактивниот отпад од нуклеарните истражувања кои САД ги спровеле во текот на Студената војна, би можел да влезе во водите на Пацификот од старите бетонски куполи во кои отпадот е затворен. 

"Сите знаеме дека Пацификот стана место за нуклеарни тестови. Последните три тестови беа многу драматични по човековото здравје и поради труењето на морските води во некои подрачја", рекол Гуретеш.

"Washington Times" потсетува дека во тој период од 1946-та до 1958-ма година во Пацификот САД извршиле 67 копнени, воздушни и подводни истражувања на термонуклеарно оружје. Под меѓународен притисок Вашингтон бил принуден да ги сопре тестовите, но огромната штета веќе била направена.

Така на 1-ви март 1954-та година била тестирана хидрогенска бомба на атолот Бикини, која била 1.000 пати посилна од експлозијата во Хирошима. Поради погрешните проценки на американските научници, силата на "Castle Bravo" била 2,5 пати поголема од очекуваното. Повеќе од 11.000 квадратни километри од околните подрачја биле покриени со радиоактивен пепел.

"Неколку часа подоцна атолот бил прекриен со тенок бел слој прав. Никој не знаел дека тоа е радиоактивен отпад. Децата си играа во тој "снег и го јадеа"", изјавил министерот за здравство на Маршаловите острови, Калан Канеко за весникот.

Во текот на неодамнешната посета на островот од Пацификот, Гутереш забележал дека во случај на тропска олуја, пукнатините во саркофагот на островот Рунит, каде САД во 80-тите го одложиле отпадот на "Castle Bravo", би можеле да го уништат бетонскиот бункер.

"Неодамна имав состанок со претседателката на Маршаловите острови, Хилда Хајни. Таа е сериозно загрижена од ризикот на течење на радиоактивниот отпад кој е закопан во нуклеарниот саркофаг на тоа подрачје", рекол Гутереш.

Експертите велат дека, со оглед на тоа дека куполата е изградена од Бетон, а ѕидовите и дното имаат природно потекло, нема сомнение дека морската вода веќе влегла внатре. Во овој случај, уништувањето на бетонскиот кров само ќе ја влоши ситуацијата.

На почетокот складиштето, прекриено со купола дебела 46 центиметри, е замислено како привремено, но досега САД не преземале никакви чекори за обнова на истото.

Маршаловите острови во 80-тите години потпишале договор за слободно здружување во САД со право на самоуправа, кој ги решил сите минати, сегашни и идни побарувачки поврзани со нуклеарните тестови. Така куполата останала под управа на островската влада, а таму признаваат дека немаат средства да ја зацврстат куполата и да спречат катастрофа.

"Јасно е како ден дека локалната самоуправа нема ни искуство ни средства за решавање на проблемот, а потребно е конкретно решение", истакнала владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг