Тотален пресврт: Австриската влада не паднала поради Тајана, туку поради лажната Русинка која е во собата, а не се гледа на снимката!

Точка

23/05/2019

18:06

4.872

Големина на фонт

а а а

Тајана Гуденус прва се посомневала во наводната внука на рускиот олигарх, поради која поранешниот вицеканцелар и претседател на Слободарската партија на Австрија (FPO), Хајнц-Кристијан Штрахе, доживеал голем скандал.

Важно е да се нагласи и тоа дека Тајана Гуденус, која најпрво била означена како "фаталната Србинка", поради која паднала австриската влада, всушност го предупредила Штрахе дека другата жена во собата, наводната внука на рускиот милијардер, ги мести...Оваа друга жена практично и да не се гледа на снимката, а се појавува на само неколку минути. 

Во јавноста е прикажан само помал дел од 6-часовната снимка на која се гледа Штрахе, очигледно под дејство на алкохол, како разговара со жена која се претставува како Алјона Макарова, внука на руски тајкун.

Со нив биле и десната рака на Штрахе, Јохан Гуденус и неговата сопруга Тајана, инаку со српско потекло.

"Der Standard" открива дека во голем дел од снимката која не е јавно објавена, во еден момент Тајана прашала: "Да не е ова можеби местенка?" Сепак, на тие нејзини зборови не обратиле внимание ни нејзиниот сопруг Гуденус, ниту Штрахе. Тајана Гуденус, можеби едноставно била доволно трезна па се посомневала во ветувањето на фантомската Русинка дека ќе го купи најголемиот австриски дневен весник "Kronen Zeitung" пред изборите во 2017-та и ќе обезбеди тотално медиумско навивање за FPO.

Така оваа изразено десничарска партија би победила на изборите, во замена за местење на работи и инвестирање на илегални 250 милиони евра од Русија во Австрија.

OB24 открива дека Гуденус тој ден испаднал најнаивен во тоа друштво. Госпоѓата им се претставила како Алјона Макарова, внука на рускиот олигарх Игор Макаров, сопственик на "Арети Холдинг", кој работи со гас и нафта.

Во главно, на пијаниот Штрахе, во таа вила на Ибица, по шест часа брутално самопосрамување, му се "вклучила сијаличката". "Местенка, местенка, тоа е тотална местенка", рекол Штрахе. "Не е", го смирувал Гуденус.

Тоа што му било сомнително на Штрахе, биле ноктите на наводната руска наследничка, кои, како што сметал тој, не биле доволно чисти за една толку богата жена. Според некои мислења дури и Гуденус успеал да го убеди Штрахе во тоа. На снимките се слуша дека Штрахе на Русинката и ветил дека ако FPO победи на изборите, градежните тендери ќе ги добива компанијата на Русинката. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг