Планирате летен одмор? Ова се 10-те најдобри европски дестинации

Точка

23/05/2019

15:57

3.456

Големина на фонт

а а а

Без разлика дали сакате да лутате по високи планински насипи или да се изгубите на градските улици, не мора да одите на далечни дестинации - Европа има многу во својата понуда, дури и за најприбирливите патници.

За оние кои бараат инспирација за патување по Европа ова лето, списанието Lonely Planet направило листа од "Best In Europe" за 2019-та година. 

Најдобрата овогодишна дестинација во Европа, според изборот на туристичките експерти од компанијата Lonely Planet, се Високи Татри во Словачка, каде патниците можат да видат планини, водопади, па дури и кафени мечки, кои се речиси истребени од повеќето други региони во Европа.

Втора дестинација на листата е шпанската престолнина Мадрид, која го заслужила местото на листата поради својот акцент на одржливиот живот, велосипедските патеки, широките пешачки патеки...

На трето место е помалку истражниот дел на Исланд, новиот Арктички крајбрежен пат, тура која е отворена оваа година за патниците да ги доближи до неотркиениот брег на Северот на Исланд.

Во листата се нашол и регионот Херцеговина во БиХ, италијанскиот град Бари, Шетландските острови, Лион, Лихтенштајн, швајцарскиот регион Вевеи и хрватскиот регион Истра.

За многу од првите десет постојат цврсти причини да ги посетите оваа година. Лион ќе биде домаќин на финалето на Светското фудбалско првенство за жени во јули, Лихтенштајн слави 300 години откако станал суверена нација...



Спонзорирани линкови

Маркетинг