Хороскопски знак од кој нема да може да се ослободите дури ни по раскинувањето со него

Точка

23/05/2019

15:51

2.309

Големина на фонт

а а а

Тешки се како црна земја. Кога ќе го запознаете ќе мислите дека сте вистинска среќничка затоа што таков маж се “затрескал“ во вас.

Разумните и чувствителни Ваги изгледаат како пример за сродни души. На прв впечаток ќе го имате тоа чувство затоа што Вагите се толерантни за некои работи за кои другите знаци од зодијакот не се. Верни се, искрени, не можат да трпат лаги, а тоа што го кажуваат тоа и го прават.


Но што се случува кога Вагата ќе стане поранешно момче?

Раскинувањето со Вагите е тешко затоа што во неговата глава е многу тешко да го промени статусот од “во врска“ во “слободен“.

Проблемот е во тоа што Вагите го “заклучуваат“ својот мозок на одредени ситуации и сметаат дека тоа ќе трае со векови. Вагите се толку статични што не може да ги промени ни земјотрес од 8 степени по Рихтерова скала. Меѓутоа тоа не е така заради тоа што тие така се чувстуваат туку затоа што така сметаат дека треба да биде.


Доколку успеете да ја “одлепите“ Вагата од себе тоа може да се случи во моментот кога тој ќе дојде да ги земе последните работи од вашиот стан, а претходно повеќе пати доаѓал да земе по нешто и секако секојпат “заборавал“ да ви ги остави клучевите од станот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг