Адријана Лима ја "мачел" изрезот, со рака го покривала меѓуножјето

Точка

23/05/2019

16:13

3.229

Големина на фонт

а а а

Поранешниот ангел на "Victoria's Secret", Адријана Лима, е само едно од познатите имиња кои овие денови се појавиле на Канскиот филмски фестивал. Манекенката заблескала во сина тоалета со изрез кој покажал премногу...

Во полн ек е 72-от Филмски фестивал во Кан, а бројни ѕвезди зачекориле на црвениот тепих за да заблескаат пред камерите. Една од нив е бразилската манекенка Адријана Лима, која со изгледот повторно била на висина на задачата. 

Таа сјаела во долга темносина тоалета на Мајкл Корс со голи раменици и грб. Косата ја кренала и "залижала", а сините обетки ги ускладила со црвен кармин. Вниманието го привлекувала и со високиот изрез кој на тепихот ѝ задавал проблеми.

Во еден момент, додека позирала, манекенката сфатила дека покажала премногу, па со рака го покривала меѓуножјето.

Лима со фустанот се пофалила на Инстаграм, каде има повеќе од 12 милиони фанови. Фотографијата добила стотина илјади лајкови, а фановите не ги штеделе комплиментите.

"Прекрасна", "Ми го разубави денот", "Преубава", биле само некои од коментарите на воодушевените фанови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг