Низа промени во Премиер лигата од следната сезона: ВАР, нов начин на замена на играчи…

Дерби

23/05/2019

14:31

1.674

Големина на фонт

а а а

Англиската Премиер лига важи за едно од најатрактивните фудбалски натпреварувања во светот.

Сега кога сезоната 2018/19 е зад нас, веќе се најавени новите правила кои ќе стапат на сила од следната година и кои треба да го подобрат квалитетот на лигата, но и во целост да ги намалат судиските грешки.

Така, од следната година и официјално во Премиер лигата се воведува ВАР системот кој веќе неколку години успешно се развива во другите лиги. Новина од следната година ќе биде и тоа што тренерите ќе се казнуваат исто како играчите, со жолт и црвен картон.

Ќе следуваат промени и за играта со рака во сопствениот шеснаесетник. Судијата ќе биде должен да досуди пенал без оглед на тоа во каква положба била раката, дали имало или не намера и дали топката одела во голот или не при ударот со рака. Сите вакви удари во Англија, но и во светот ќе бидат санкционирани со пенал.

Додека се изведува пенал голманот ќе мора барем со едната нога да гази на тревникот и нема да смее да се доближува до противничкиот играч пред да се изведе најстрогата казна.

Новина која со сигурност ќе биде забележана е и онаа при замените. Имено, фудбалерот кој ќе биде заменет ќе може да го напушти теренот од најблиската страна каде што се наоѓа и со тоа се променува она непишано правило за „кражба на време“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг