Заради Џастин Бибер популарниот кањон на Исланд е затворен за туристите

Точка

23/05/2019

14:16

1.682

Големина на фонт

а а а

Жителите на Исланд го обвинуваат Џастин Бибер за тоа што кањонот Фјадраргљуфур е затворен. Кањонот Фјадраргљуфур на Исланд е затворен за туристите поради тоа што ја оштетуваат природната вегетација на кањонот, а за сето тоа е обвинет Џастин Бибер.

Големиот знак кој е поставен ги предупредува возачите дека кањонот Фјадраргљуфур е затворен за посетители, но возачите продолжуваат да се спуштаат по тесниот макадамски пат. Ренџерот на поставените барикади им објаснува на посетителите зошто никој не може да помине: загрозениот пејзаж не може да издржи повеќе посетители.

А за сè е виновна канадската поп ѕвезда Џастин Бибер.

Магичниот музички спот на Џастин Бибер за песната „I'll show you“ е снимен на овој кањон, а него го погледнале повеќе милиони луѓе, и тоа продонело ова место да биде топ цел за туристите. За да тргнат по стапките на Бибер неговите фанови не се придржуваат до знакот кој е поставен, поминуваат преку оградите и не ги забележуваат чуварите на паркот кои сакаат да ги држат што подалеку од кањонот.


Минатата година Исланд го посетиле 2.3 милиони туристи во споредба со туристите кои го посетиле пред осум години кои вкупно биле околу 600.000 илјади. Годишниот пораст на бројот на посетители кој изнесува 20 отсто не одговара со моменталнта инфраструктурата која е потребна за заштита на исландскиот вулкански пејзаж каде што тлото полека се формира и брзо еродира.

Министерот за животна средина Гудмундур Инги Гудбрандсон изјавил дека е “премногу едноставно Џастин Бибер да се обвини за цела оваа ситуација“, но ги повикал познатите и влијателни посетители да ги разгледаат последиците од нивните акции.

„Однесувањето на една позната личност може драматично да влијае на целата област доколку масата го следи“ - додал министерот.

Бибер има трет најследен профил на Твитер со преку 105 милиони следбеници, веднаш после Кети Пери и Барак Обама. Исто така Бибер има над 112 милиони следбеници на Инстаграм.


Во виралното видео, гледано над 440 милиони пати на Јутјуб од 2015-та година, Бибер одел низ волшебната вегетација, со нозете висел над карпите и се капел во студената река под стрмните ѕидови на кањонот.

„Во одбрана на Џастин Бибер, во времето кога спотот е снимен, не постоеле огради ниту пак постоеле означени патеки кои би покажале што е дозволено, а што не е“ - изјавил Гудбрандсом.

По објавувањето на спотот на Бибер, повеќе од милион луѓе го посетиле ова место оставајќи големи последици на вегетацијата, проценува Агенцијата за заштита на животна средина на Исланд.

Оваа година бил затворен 5 недели, а се очекува да биде отворен на лето доколку временските услови бидат добри.

Исланѓаните без волја ја обвинуваат оваа поп ѕвезда, која има голема поддршка од луѓето кои живеат на овој остров. Околу 12 отсто од целокупната популација на Исланд односно 38.000 луѓе присуствувале на неговиот концерт во Рејкјавик, главниот град, година дена после објавувањето на ова видео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг