Видел морничава глава од кукла како се движи низ плажата, а потоа сфатил за што станува збор

Точка

23/05/2019

14:07

1.708

Големина на фонт

а а а

Додека собирал пластичен отпад од плажата, волонтерот Јосеф Кронк го пречекала морничава сцена. Здогледал глава на кукла како наизглед сама од себе се движи низ плажата.

Кога погледнал подобро, сфатил дека во отфрлената глава на кукла се вовлекол рак кој таму се заглавил, па повеќе не можел да излезе и продолжил да ја влече со себе додека се движел.

Оваа снимка покажува дека реалноста е често поморничава од привидот бидејќи открива до која мера човекот ја загадил околината со пластичен отпад.

„Често гледам дека раковите користат разни отфрлени работи, како лименки од сок, но оваа сцена можеби најдобро го покажува проблемот“, рекол Кронк за Дејли Меил и додал видео снимка за да покаже какво влијание има загадувањето врз морските суштества.



Спонзорирани линкови

Маркетинг