Иако Пеп Гвардиола пред неколку дена истакна дека нема шанси да си замине од Манчестер Сити за да се пресели во Јувентус, тоа не ги спречи италијанските новинари да пишуваат за негов премин во Торино.
Вчера излезе целосниот договор кој наводно Гвардиола го потпишал со „бјанконерите“, меѓутоа испадна дека и тоа е само во доменот на шпекулациите.
Денес, ново утро, нова шпекулација. Медиумите на Апеините пишуваат дека Маурисио Сари е прв избор на раководството на Јувентус, додека втора и помалку веројатна опција е тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Сите со нетрпение го очекуваат финалниот натпревар од Лига Европа помеѓу Челси и Арсенал по кој дефинитивно ќе бидат познати неколку работи. Каде ќе заврши Сари и дали Еден Азар ќе се пресели во Реал Мадрид.