Павле Богоевски поднесе оставка од пратеничката функција

Нетпрес

23/05/2019

12:42

5.434

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Павле Богоевски си даде оставка од пратеничката функција по скандалот со нарачка на нелегална супстанца, што предизвика бројни реакции во јавноста.

Одлуката ја соопшти предмалку на седницата на Комисијата за мандатното имунитетна прашања во Собранието, на која се одлучува за мандатот на Никола Груевски. Богоевски беше претседател на комисијата.

- Колеги пратеници останете верни на принципите. Знам дека политиката е валкана игра, изјави Богоевски.

По оставката на претседателот Павле Богоевски седницата на комисијата е прекината, а со неа во иднина ќе претседава неговата заменичка Снежана Калевска Ванчева.



Спонзорирани линкови

Маркетинг