Какво лето нè очекува? Во Европа ќе владеат пеколни горештини и разорни бури, на Балканот не му се пишува добро

Точка

23/05/2019

10:45

6.961

Големина на фонт

а а а

Пред нас е лето со опасни топлотни бранови, долги сушни периоди и временски непогоди, објави метеоролошкиот сервис “AccuWeather” во својата долгорочна прогноза за цела Европа.

Балкански полустров 

Додека сувото и врело време ќе доминира во поголемиот дел од Европа, на Балсканскиот полустров му се заканува невреме со грмотевици. Иако регионот нема да биде имун на топлотните бранови, екстремните горештини ќе бидат ограничени на одредени области.


Непогодите со грмотевици од Медитеранот и источна Европа ќе ја загрози областа од Грција до Србија, Романија и Бугарија. Грмотевиците претежно ќе се појавуваат во попладневните и вечерните часови, со зголемен ризик од силни ветрови и град. Бурите често ќе се шират кон запад, носејќи олујно време во Италија.

Западна и централна Европа

Пиринејскиот полустров ќе биде погоден од растечки температури со многу мал процент на дождови веќе од јуни. Областа од Португалија и Шпанија до Унгарија и Полска ќе биде погодена од долги топлотни бранови. Пеколните горештини ќе започнат во јуни и ќе траат подолго од претходното лето кога беа забележани рекордни температури во Португалија, Белгија, Холандија, Германија и на Скандинавскиот полуостров.

Интензивно високите температури и долгите сушни периоди ќе го зголемат ризикот во поголемиот дел од западна и централна Европа. Најзагрозени ќе бидат подрачјата помеѓу северна Португалија и северна Шпанија, како и од Алпите до Германија и Чешка.


Топлотни бранови во внатрешноста на Европа

Сувото и сончево време ќе доминира во Ирска, јужниот дел од Велика Британија и северна Франција. Кратките топлотни бранови ќе траат околу три дена пред студениот ветер да донесе освежување. Температурите воглавно ќе бидат над просекот од јуни до август, но најсилниот топлотен удар ќе ја погоди внатрешноста на Европа.

За разлика од минатото лето кога беше погодена од екстремни температури и пожари, Скандинавија во наредните месеци ќе може да очекува потипично време за тој период од годината. Пеколните горештини ќе ја заобиколат и источна Европа, иако температурите таму би можеле да достигнат и до 38 Целзиусови степени кон средината на летото.

Областа од јужна Литванија до западна Украина има најмногу шанси да биде погодена од екстремно високи температури, додека бурите со грмотевици можат повремено да се очекуваат во јужна Белорусија, Украина и Молдавија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг