Заканувачка порака од Иран: Нашата младина ќе сведочи на пропаста на Израел и Америка!

Точка

23/05/2019

13:25

1.624

Големина на фонт

а а а

Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи порача дека иранската младина ќе сведочи на пропаста на Израел и американската цивилизација.

„Вие, младите луѓе треба да верувате дека ќе сведочите на пропаста на непријателите на човештвото – на дегенерираната американска цивилизација и пропаста на Израел“, изјавил Али Хамнеи на средбата со иранските студенти, објавено е на неговата официјална интернет страница.

Хамнеи во текот на минатата седмица порача дека нема да има војна со Соединетите Американски Држави, во екот на зголемените тензии во односите помеѓу Вашингтон и Техеран, од кои многумина стравуваат дека може да ескалираат во војна.


Американците неодамна испратија воени засилувања на Блискиот исток, вклучувајќи и носач на авиони кој пристигна во Арапското море и заедно со уште неколку разурнувачи изведе воени вежби во близина на иранските територијални води.

Самиот претседател на САД, Доналд Трамп неодамна порача дека доколку Иран се судри со САД, тоа и официјално ќе биде крајот за Иран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг