Непозната жена се нашла на мета на критики поради својот моден избор за венчавката на која присуствувала, а нејзиниот фустан станал предмет на расправа на Фејсбук.
Една од поканетите девојки на свадбената забава, во групата „That's It I'm Wedding Shaming“, објавила фотографија од неколку гостинки, истакнувајќи дека една од нив дошла несоодветно облечена.
Станува збор за жената во црниот фустан која стои на почетокот на линијата од левата страна, со детали од проѕирен црн материјал. Таа се нашла на мета на критики од авторката на објавата, која тврди дека нејзиниот избор на фустан е непримерен и дека речиси ѝ се гледа долната облека поради тоа што е прекраток.
„Денеска сестрата на една моја пријателка се венчаше во матично, изгледаше прекрасно и е во навистина добра врска. Сепак, она што мене не ми се допадна е апсурдно краткиот фустан на девојката од левата страна. Откри сè, речиси и долната облека, а тоа е многу неприкладно. Исто така, квалитетот на фотографијата, локацијата и композицијата не се прикладни за тој момент“, напишала покрај фотографијата која е направена на детско игралиште.
Иако очекувала поддршка од луѓето во групата, тие ја “нападнале“, истакнувајќи дека не гледаат ништо лошо поврзано со црниот фустан за кој зборува.
„Очигледно имаш лични проблеми со таа девојка, со оглед на тоа дека не кажа ниту еден збор за краткиот син фустан кој е со иста должина како црниот“, ѝ напишал еден член од групата, а друга членка се сложила со него, додавајќи: „100% само си ѝ љубоморна“.
Една корисничка истакнала дека на девојчето со црниот фустан воопшто не му се гледа долната облека: „Не гледам никаква долна облека. Можеби само премногу си гледала во неа.“ На крајот, расправијата е исклучена со коментар од еден кориник кој истакнал „дека сме во 2019-та, а не во 1800-та година и дека секој може да носи што и да посака.“