Патка секоја година доаѓа во истата болница каде снесува јајца, па гордо ги покажува своите пајчиња

Точка

22/05/2019

15:12

2.718

Големина на фонт

а а а

Прилично е вообичаено кај северноамериканските диви патки да прејдат илјадници километри при миграција и да се гнездат близу луѓето.

Патките кои ги населуваат градовите се навикнати на луѓе, па затоа и се питоми. Но, иако не е чудно да се гледаат во близина на луѓето, многу е необично едно патка да тропа на истата врата и гордо да ги покажува своите пајчиња. 

Тоа се случува секоја година во еден двор на болницата “Thompson Health” во Њујорк, каде мајката патка ги снесува своите јајца. Откако ќе се испилат пајчињата, таа ги води на парада во старечкиот дом кој се наоѓа во склоп на оваа болница.

Истото го направила и оваа година со своите 13 пајчиња, а целата парада ја споделил персоналот на својот Фејсбук профил. Тие напишале дека мајката патка им јавува кога е спремна така што тропа на стаклото, а потоа го извршува својот пролетен ритуал кој оваа година воодушеви илјадници корисници на социјалните мрежи и веднаш стана вирален.




Спонзорирани линкови

Маркетинг