Фановите на „Игра на тронови“ ги очекуваат нови возбудувања: Сè што знаеме за новата серија која доаѓа

Точка

22/05/2019

15:00

5.547

Големина на фонт

а а а

Оригиналната серија е завршена, но новата приказна за Вестерос може да започне веќе наредната година. „Игра на тронови“ заврши после осум возбудливи сезони.

Обожавателите на оваа серија нема да чекаат долго за приказната за Вестерос, со оглед на тоа што предпродолжението (prequel, што значи дека приказната е сместена во истиот свет, но дејството се случува пред она кое го гледавме во „Игра на тронови“) веќе е најавено. 

Еве што досега знаеме за оваа серија.

Кој ќе биде насловот на новата серија?

Сè уште нема официјален наслов, но неколку наслови се спомнуваа претходните неколку месеци.  

Според пишувањето на некои од медиумите, луѓето кои работат на серијата во Белфаст ја нарекуваат „Bloodmoon“ (Крвав месец).

Џорџ РР Мартин, авторот на „Игра на тронови“, пилот епизодата за новиот проект ја нарекол „The Long Night“ (Долга ноќ), но потоа ја повлекол изјавата и кажал дека серијата сè уште нема име. 

Токму така беше насловот на третата епизода од осмата сезона на „Игра на тронови“ кога ноќниот крал го размрда Вестерос.


Кога се случува дејството?

Како и да се вика, дејството во серијата се случува околу 5.000 години пред дејството во „Игра на тронови“. 

Тоа значи дека никој од ликовите кои ги засакавме и замразивме во претходните осум години тогаш не бил ни роден. Сепак има исклучоци. 

Ноќниот Крал, кој го глуми Словенечкиот актер Владимир Фурдик ќе се појави во предпродолжението.

Каков е заплетот?

Претставниците од HBO најавиле дека оваа серија „ќе го опише падот на светот од Златниот период на хероите во најмрачното време“. 

„Од застрашувачките тајни на Вестерос до вистинското потекло на „Белите шетачи“, мистерија на Истокот и легендата за фамилијата Старк, само едно е сигурно: Тоа не е онаа приказна која ја знаеме.“

Периодот на херои е времето кога “шумските деца“ направиле пакт со првите луѓе што резултирало со мир. 

Под „најмрачните времиња“ се мисли на долгата ноќ кога „Белите шетачи“ првпат се појавиле и го пореметиле воспоставениот мир носејќи сурова зима која траела со години. 

Изгледа дека конечно ќе дознаеме како настанал Ноќниот Крал, а потенцијално и нешто за историјата на фамилијата Старк и Ленистер.

Предпродолжението се случува во време на Градителот Брен, предок од фамилијата Старк кој ги изградил „Winterfell“ и „Тhe Wall“.

А бидејќи во тоа време низ Вестерос се движел и Паметниот Лан, основачот на куќата на Ленистер постои шанса да научиме нешто за тоа познато непријателство. 

Ќе има ли змејови?

Извинете, но нема да има. 

„Зборуваме за целосно нова ера во Вестерос“ - рекол Џорџ Мартин за списанието „Holivud Reporter“ минатиот месец.

„Нема змејови, нема железен престол, го нема кралството.“

Кој ќе глуми во серијата?

Кандидатката за Оскар, Наоми Вотс која глумела во филмовите како што е „Кинг Конг“, е најпозна актерка чие учество е веќе потврдено. Изјавено е дека таа ја толкува улогата на “харизматична претставничка на високото друштво која ја чува мрачната тајна.“ 


Обожавателите шпекулираа дека таа во серијата ќе ја глуми Ниса Нису, сопруга на легендарниот херој Азоре Ахаја прочуен по огнениот меч, но тоа не е потврдено. 

Наоми не е единствената кандидатка за Оскар која ја доби улогата, Миранда Ричардсон која ја толкувала новинарката Рита Скитер во филмовите за „Хари Потер“, исто така ќе глуми со серијата. 

  

Кога ќе може да ја гледаме серијата?

Не пред следната година, меѓутоа снимањето во Белфест веќе започна.

Кејси Блојс од HBO продукцијата за „Holivud Reporter“ рекла дека “не постои календар“.

„Дури и ако направиме пилот епизода и цел серијал, ништо нема да се емитува најмалку една година од завршувањето на последната сезона на „Игра на тронови“ - изјавила Блојс.

Тоа значи, мај 2020-та година најрано. 

Меѓутоа можеби и толку време ќе ни треба за да “оздравиме“ од последната сезона на „Игра на тронови“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг