Google има чуден проблем со новиот Pixel 3a

Точка

22/05/2019

15:31

1.325

Големина на фонт

а а а

Судејќи според бројните извештаи објавени на Редит, паметните телефони на Google од серијата Pixel 3a започнале самите да се исклучуваат.

Овој проблем според бројни корисници кои се жалат на социјалните мрежи, засега очигледно ги погодува само моделите Pixel 3a и Pixel 3a XL, а единственото познато решение на проблемот засега е држење на копчето за вклучување 30 секунди за телефонот да се врати на фабричките поставки.

Проблемот не може да биде решен ниту со стартување на телефоните во “Safe Mode”, поради што постои сомнение дека во овој случај не станува збор за софтверски проблем, односно дека за тоа е одговорен неисправен или лош хардвер.


Одредени корисници на Редит забележале дека овој проблем со случајното гасење на телефонот се јавува само кога уредот е поврзан на Wi-Fi мрежа.

Од Google засега се уште немаат официјално потврдени дека се свесни за проблемите со моделите Pixel 3a и Pixel 3a XL, па не е познато кога овие проблеми компанијата би почнала да започне да ги решава, пренесува Tech Radar.



Спонзорирани линкови

Маркетинг