Австриските медиуми после големиот скандал организираат наградна игра: Победникот ќе престојува во „Штрахе вила“ на Ибица

Точка

22/05/2019

14:33

2.066

Големина на фонт

а а а

Токму во таа вила во познатото шпанско летувалиште, внуката на руски милијардер му постави „стапица“ на лидерот на австриските десничари Хајнц Кристијан Штрахе.

Австриските медиуми „Естерајх“ и „Ое24“, организираат наградна игра во која главната награда е престој за две лица на Ибица во вилата која очигледно ќе влезе во австриската историја после аферата на Штрахе.

Токму во таа вила беше направена скандалозната видео снимка која доведе до рушење на лидерот на десничарската Слободарска партија на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе.


Споменатите медиуми организираат наградна игра и нудат викенд во „легендарната Штрахе вила“ на Ибица за две лица, вклучувајќи го и летот од Австрија до популарното шпанско летувалиште.

Во таа вила, наводно внуката на руски милијардер му постави „стапица“ на Штрахе, преку неговата десна рака, Јохан Гуденус. Штрахе, на вечерата која била организирана во таа вила, на соговорниците им ветил вработувања во државната администрација во замена за финансиска поддршка на неговата партија.


Инаку, споменатата вила, која наводната внука на руски милијардер на Штрахе му рекла дека е нејзина, се издава. Аферата „Ибица“ е главна тема во Австрија и доведе до пад на владата на Себастијан Курц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг