Севернокорејците се навредија, па жестоко порачаа: Тој е кретен, глупак со низок IQ

Точка

22/05/2019

13:46

2.088

Големина на фонт

а а а

Државната севернокорејска новинска агенција “KCNA”, денес го нарече Џо Бајден „кретен“ и „глупак со низок коефициент на интелигенција“, откако поранешниот американски потпретседател јавно го критикуваше Ким Јонг Ун.

Џо Бајден кој во два мандати беше потпретседател, додека шеф на државата беше Барак Обама, од минатиот месец води кампања, откако објави дека ќе се натпреварува во предизборите кај Демократската партија за кандидат за претседател во 2020-та година.

Се чини дека некои негови изјави ги разлутиле Севернокорејците толку многу, така што државната новинска агенција “KCNA” жестоко го нападна и упати низа на навреди.


“KCNA” го обвини Бајден дека извршил клевета против властите на Северна Кореја и оцени дека поранешниот американски сенатор е „неодговорен и неразумен и дека го изела сопствената амбиција“.

„Тоа што го кажа е нешто што би го рекол еден кретен без основни квалитети на човечко битие, а не пак политичар“, порача севернокорејската државна новинска агенција.


Од “KCNA” не наведоа на кои изјави на поранешниот американски потпретседател реагираат. Но, Бајден минатата сабота во предизборниот собир во Филаделфија го критикуваше пристапот на Трамп кон Русија и Северна Кореја и го обвини американскиот претседател дека „се прегрнувал со тирани какви што се Путин и Ким Јонг Ун“.

Трамп во јуни 2018-та година за прв пат се сретна со Ким Јонг Ун на самитот во Сингапур. Двајцата лидери остварија уште една средба оваа година во Ханој, а Трамп често истакнуваше дека е во добри односи со севернокорејскиот лидер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг