„Мундо Депортиво“ со ексклузива: Ништо од трансферот на Гризман во Барселона…

Дерби

22/05/2019

13:29

1.502

Големина на фонт

а а а

Угледниот шпански весник близок до Барселона, „Мундо Депортиво“ пренесува ексклузивна вест дека трансферот на Гризман во каталонскиот гигант би можел да пропадне.

Речиси беше сигурно дека Антоан Гризман кариерата ќе ја продолжи на „Камп Ноу“ за што челниците на Барселона ќе исплатат сума од 120 милиони евра на Атлетико Мадрид, меѓутоа по најновите најави трансферот може да пропадне.

Имено, новинарот на таблоидот, Францеск Агиљар објави дека преговорите запреле и дека Барселона веќе има план Б и веќе почнала да разгледува други алтернативни трансфер цели.

Претходно, од ангажман на Гризман се откажа Пеп Гвардиола кој истакна дека клубот не може да си го дозволи францускиот репрезентативец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг