Неверојатна приказна од Венецуела: Даде голчиште во судиското продолжување и го исфрли тимот на неговиот татко

Дерби

22/05/2019

13:26

1.906

Големина на фонт

а а а

Многумина сонуваат да постигнат спектакуларен гол во финалните моменти од натпреварите, а посебно тоа е така кога се работи за клучни и одлучувачки натпревари.

На искусниот, 36 годишен напаѓач, Џанкарло Малдонадо тоа му се оствари на натпреварот помеѓу Пуеро Кабељо и Депортиво Тачире. Играчот на Депортиво Тачире, со прекрасен погодок во 92. минута го постави конечниот резултат на овој натпревар, 2:2.

Играчот по голот веднаш се расплака, а причината за тоа е неверојатна. Имено, тимот на Пуеро Кабељо е предводен од таткото на Џанкарло, Карлос Малдонадо, а за работите да бидат уште поинтересни, до тој погодок домашниот тим имаше резултат кој го носеше во плеј-офот од венецуелската лига.

Сепак, синот ги уништи соништата на неговиот татко, и токму затоа не можеше да ги сокрие солзите по постигнатиот погодок. Уште полошо е тоа што овој погодок не значеше ништо за неговиот тим кој немаше шанси за излез во плеј-офот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг