Робин ван Перси со поддршка за Солскјер: Погледнете ја големата слика, него му е потребно…

Дерби

22/05/2019

13:18

1.432

Големина на фонт

а а а

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси му даде поддршка на стратегот на „ѓаволите“ Оле Гунар Солскјер кој имаше кошмарен крај на сезоната со својот клуб.

Солскјер го крена тимот по отказот на Мурињо, но потоа следуваше катастрофална резултатска криза која го остави Јунајтед на шестата позиција на табелата во Премиер лигата.

Сепак, ван Перси верува дека Солскјер покажал доволно да ги убеди луѓето дека може да го врати Манчестер Јунајтед на старите славни патеки.

– Порано беше нормално на менаџерите да им се даде време. Сега, доколку изгубите на шест натпревари вие ќе бидете избркан. Дали тоа е решението? Дајте му на некого време, посебно во ваков клуб. Интересно е затоа што кога започна сите беа позитивни, победуваа на секој натпревар и направија чудо против ПСЖ. Сите викаа да му се даде работата на перманентна основа. А потоа среќата им го сврти грбот и загубија на повеќе натпревари од тоа што очекуваа.

– Солскјер има тригодишен договор и сите треба да ја погледнат големата слика. Неговото присуство, начинот на кој го презентира клубот е вистинскиот начин според мене. Беше тренер на резервите, тој е Манчестер Јунајтед. Слично како Фергусон, но во поинаква насока. Ферги беше Манчестер Јунајтед и Солскјер е Манчестер Јунајтед. Само му е потребно време и трпение да го врати тимот каде што припаѓа, -заклучи легендарниот холандски напаѓач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг