Новиот филм на Тарантино доби 6-минутна овација на премиерата во Кан

Точка

22/05/2019

13:04

3.034

Големина на фонт

а а а

Вчера беше одржана светската премиера на новиот филм на Квентин Тарантино, “Once Upon a Time in Hollywood” на фестивалот во Кан, а гледачите биле толку воодушевени што го наградиле со 6-минутна овација.

Ѕвездите на деветтиот филм на Тарантино, Леонардо Ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби, му се придружиле на режисерот на црвениот тепих пред филмот да добие громогласен аплауз – кој траел шест минути, пишува “Deadline”. 

Приказната за златното доба на Холивуд низ призмата на двајцата актери (Ди Каприо и Пит), во време кога светот ја шокирала веста за убиството на актерката Шерон Тејт (Роби) од страна на кланот на Чарлс Менсон, добила бројни пофалби.


Филмот во кој се појавуваат и Ал Пачино, Дакота Фенинг, Лена Данам и други ѕвезди, критичарите веќе го нарекоа најдобриот филм на Квентин од “Pulp Fiction” од 1994 година.

Паралелно со премиерата на филмот на фестивалот, “Sony” го објави и целосниот трејлер на Јутјуб:

Во филмот постхумно ќе се појави и покојниот Лук Пери кој почина на 4-ти март.




Спонзорирани линкови

Маркетинг